Од денес зголемени просечни сметки за парно за 80 денари

од Nikola Popovski
234 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика вчера одлучи да ја зголеми цената на парното во земјава, што значи дека од денеска ќе плаќаме поскапа топлинска енергија за 4,51 отсто. Ова го соопшти на прес-конференција нејзиниот претседател Марко Бислимовски.

-Зголемувањето е помало од оние 50 отсто што го бараа компаниите на електродистрибутивната компанија во земјава, посочи Белимовски, според кого се зголемени трошоците за струја, но ова е оптимално поскапување на топлинската енергија за граѓани.

Според Бислимоски, покачувањето од 4,51 отсто на сметка од 1 000 денари ќе значи зголемување од 45 денари, а на просечна сметка од 1 800 денари, колку што е во Скопје, тоа ќе биде 80 денари.

Новата цена на парното требаше да биде определана во август, но беше одложена поради оштетување на цевководот под мостот „Беласица“ кој беше оштетен во пожар, а неговата поправка доцнеше.

На прашањето дали новата такса за транзит на руски гас преку Бугарија преку единствениот гасовод што ја снабдува државата ќе влијае на цената на топлинската енергија, Белимовски одговори дека „ќе се преземат мерки за да не биде засегната нашата земја од таксата, бидејќи е воведен исклучиво за руски гас и не е насочен кон Македонија“.

„Една од опциите е да се зголемат капацитетите за гас наменет за Македонија, бидејќи веќе технички е можно во земјава да дојде гас од друго место, освен руски“, истакна Бислимовски.

Бугарија од 13 октомври воведе вонредна енергетска такса за пренос и транзит на руски природен гас низ нејзината територија во износ од 20 лева/mWh. Целта, како  што објаснија тамошните власти, е да се направи помалку профитабилно за „Гаспром“ испораката на гас преку Бугарија.

Правни тимови во Министерство за економија и во НОМАГАС ги разгледуваат можностите за поведување правна постапка против воведување на такса за гас од страна на Бугарија. Покрај ова, како опција е барање за обесштетување за разликата во цената која би ја плаќала земјата и берзанската за природниот гас, а која не е мала и изнесува дваесетина отсто.

Слични содржини