Во последните денови низ Париз се појавија графити со Давидови ѕвезди, во услови на антисемитски инциденти за кои француските политички лидери велат дека „ги потсетуваат на 1930-тите“.
Околу 60 Давидови ѕвезди беа насликани на ѕидовите на куќите во 14-тиот кварт на Париз во понеделникот вечерта, објави Би-Би-Си, кој наведува дека Франција се бори со нагло зголемување на антисемитските инциденти.
Повеќе од 850 вакви инциденти се пријавени во Франција откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.
Париските власти најавија дека ќе покренат истрага за оштетување на имот со расистички намери.
„Плачам, затоа што повторно ја гледам омразата на која бевме изложени кога бев дете“, изјавил жител на една од зградите каде што се појавиле Давидовите ѕвезди за BFM TV. Тој додал дека не може да го разбере тоа.
Администрацијата на 14-тиот округ напиша во соопштение дека настаните „потсеќаат на оние од 1930-тите кои доведоа до истребување на милиони Евреи“.