Ресторанот Toccoa Riverside во Северна Џорџија, САД, стана вирален по објава на Reddit во која покрај фотографија од менито е напишано дека ресторанот дополнително наплаќа за лошо родителство.
На фотографијата се прикажани голем број дополнителни трошоци кои би можеле да се очекуваат за гостите на Toccoa Riverside, вклучително и 20 отсто бакшиш за групи од повеќе од шест лица, за оние кои бараат одвоени сметки или за оние кои нарачуваат од специјалното роденденско мени на ресторанот.
Дополнителни трошоци за оние кои не плаќаат со готовина и за „лошите родители“
Наведено е и дека на гостите кои не платиле со готовина ќе им биде додадено 3,5 отсто од сметките, а тука е и надоместот за „возрасните кои не можат да се однесуваат како родители“. Ресторанот предупредува дека возрасните гости може да се соочат со дополнителни трошоци – означени само како „$$$“ – доколку нивните деца се однесуваат лошо.
Сопственикот на ресторанот Тим Рихтер рече дека родителскиот додаток е воведен за време на пандемијата на Ковид-19. Тој, исто така, додаде дека никогаш никому не ја наплатил тој надомест до пред неколку недели, кога група луѓе со девет деца вечерале во ресторанот.
Надоместокот, за кој рецензиите на Google велат дека изнесува 50 долари, е пријавен неколку пати во последните две недели, при што неколку рецензии од гости се жалеле на однесувањето на сопственикот и плаќањето на надоместот.