200
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска и порача на Москва дека други кризи нема да го одвлечат вниманието на ЕУ од Украина, откако, како што наведе, Русија нападна повеќе од 100 градови и села во Украина во последните 24 часа.
„Руската агресија против Украина достигна нов врв на немилосрдност, со повеќе од 100 градови и села кои беа на мета во последните 24 часа. Москва не треба да има илузии: другите кризи нема да ни го одвлечат вниманието од Украина. Нашата поддршка продолжува, додека е потребно“, сподели Борел на социјалната мрежа Икс (Твитер).
Украина претходно тврдеше дека Русија бомбардирала повеќе од 100 населени места во последните 24 часа, најмногу за еден ден од почетокот на годината.