Дино Мерлин за неговата борба со депресијата: „Не бев за ништо, сакав да се откажам од музиката“

од Stefanija Kuzmanovska
333 прегледи

Познатиот пејач Дино Мерлин своевремено поминал низ тежок период, кога дури размислувал и да се откаже од музиката.

Дино Мерлин тогаш се борел со депресија, која и денес е голем проблем за многу луѓе ширум светот.

„Во еден период од мојот живот бев тешко болен. Имав тешка депресија. Не би го посакал тоа на никого. Тоа се манифестираше така што не бев за ништо“, навел пејачот на „ХРТ“.

„Апсолутно ништо не ме интересираше, животот и смртта ми беа исти. Бев само растение. Тоа беше периодот кога сакав да ја напуштам музиката и тогаш ми паѓаа на памет секакви работи, но за чудо се извлеков“, изјавил Мерлин во таа прилика.

„Одлучив да продолжам и во 2000 година го снимив албумот ‘Средином’, на кој сум многу горд“, додал музичарот.

Слични содржини