Меџити: Годинава се реализирани над три илјади прегледи во програмата за рано откривање на рак на дојка

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Од почетокот на годинава, досега се реализирани над три илјади прегледи во рамки на скрининг програмата за рано откривање на рак на дојка, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој присуствуваше на настан во Градскиот парк во организација на Здружението Езра и во соработка со најголемата европска алијанса на здруженија на пациенти.

„Бидејќи раното откривање е клучно кај ракот на дојка, министерството за здравство, во насока на превенција, спроведува национална скрининг програма за рано откривање рак на дојка. Годинава, со неа се опфатени жените од 45 до 69 години, кои не направиле мамографија последните две години, како и жените на возраст од 40 до 44, кои имаат член во семејството со рак на дојка и или друг дополнителен ризик фактор“, рече Меџити.

Скрининг мамографијата, потсети тој, е бесплатна за жените во програмата, односно партиципацијата ја покрива министерството за здравство.

Слични содржини