Американската војска објави дека американска подморница со наведувани проектили пристигнала на Блискиот Исток.
Централната команда на САД на социјалните мрежи објави дека подморницата од класата Охајо влегла во нејзината област на одговорност, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на Си-Ен-Ен.
Беше објавена и фотографија на која се гледа подморница во Суецкиот канал, североисточно од Каиро.
Војската ретко ги објавува движењата или операциите на својата флота од подморници со балистички и наведувани проектили, а оваа најава е јасна порака за одвраќање насочена кон Иран и неговите сојузници во регионот.
Подморницата, која не е именувана, им се придружува на голем број други бродови на американската морнарица веќе во областа, вклучувајќи и две ударни групи на носачи на авиони.