После 2 години локална власт на ДПМНЕ во над 40 општини и во градот Скопје јасно е дека ДПМНЕ не ја оправда довербата и ги разочараа граѓаните. По две години во Кисела Вода останаа нереализирани ветувањата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за нова Поликлиника, нова Противпожарна станица и ново основно училиште, порачаа од СДСМ преку партиско соопштение.
Од партијата на власт велат дека Ѓорѓиевски не го исполни ниту ветувањето пред граѓаните за гасификација на училиштата.
-Нема нов спортски центар со базен, а салата Расадник се распаѓа комплетно. Нема ниту нов стационар за кучиња, нема нови монтажни паркинзи, нема ниту нови мерни станици. Единствените проекти со кои се слика Орце Ѓорѓиевски се од централната власт на СДСМ, истакнаа од партијата на Димитар Ковачевски, додавајќи дека градоначалниците на ДПМНЕ ги разочараа граѓаните.