Борел: Ситуацијата на Блискиот Исток е резултат на колективен политички и морален неуспех

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека ситуацијата на Блискиот Исток е „резултат на колективен политички и морален неуспех“ поради „реалниот недостаток на волја за решавање на израелско-палестинскиот проблем“.

„Мислам дека ние Европејците имаме морална и политичка обврска да бидеме вклучени во оваа ситуација, не само со давање помош, туку и со придонес кон изнаоѓање трајно решение“, изјави Борел, пренесува лондонски „Гардијан“.

Посочувајќи на порастот на антисемитизмот и нагласувајќи дека „антисемитските и антимуслиманските чувства се целосно неприфатливи“, Борел навел дека ЕУ мора да преземе одговорност и да продолжи да одржува цврста и избалансирана позиција за да се избегне „увоз на овој конфликт во Европа“ по секоја цена.

„Нашата втора одговорност е хуманитарно решение. Мора да се почитува меѓународното хуманитарно право“, рече Борел и додаде дека „хуманитарната пауза во конфликтот и избалансиран пристап кон заложниците може да биде првиот чекор“.

Тој посочи дека е неопходно „масовно зголемување на хуманитарната поддршка“, евакуација на граѓани од трети земји и „пропорционален одговор од Израел“.

„Меѓутоа, важно е да се размислува за сеопфатно и конечно решение, кое денес е очигледно недостижно“, нагласи Борел во денешниот говор во Брисел.

Слични содржини