212
Во текот на изминатиот ден руските војници се фокусирале на напади во правец на Авдеевка, Маријнка и Купјанск, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Русите продолжуваат со обидите да ја опколат Авдеевка, а украинските сили цврсто ја држат одбраната, пренесува „Униан“.
Украинскиот Генералштаб наведува дека биле одбиени и руските напади во правец на Бахмут, Шахтјорск и Запорожје.
Во исто време, украинските одбранбени сили ја продолжуваат офанзивната операција во правец на Мелитопољ и јужно од Бахмут, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.