Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот до 30 дена на Владимир К, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет врсници и чуварот на училиштето во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир К. му е продолжен притворот за да не го повтори делото, како и со оглед дека постои основано сомневање дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, како и начинот на извршување, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност во јавноста која може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, се вели во соопштението на судот.
На мајката на момчето, Миљана К., пред еден месец и е изречена мерка забрана за приближување, средба или комуникација со одредено лице, односно со која и се забранува да се приближува, да се сретне или да комуницира со нејзиниот син К.К., сведок во оваа постапка.