280
Поранешниот кандидат на Демократската партија за претседател на САД, Хилари Клинтон, го спореди кандидатот на републиканците со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, „предупредувајќи на опасностите од потенцијалниот втор мандат на Трамп“, објави Гардијан.
„Доколку Трамп се врати во Белата куќа, тоа би бил крај на нашата земја каква што ја знаеме, и не го кажувам тоа лесно“, изјави Клинтон за ABC.
Поранешната прва дама на САД, поранешен сенатор и државен секретар, се присети на времето кога беше државен секретар.