Шилегов бара уште денес да се гласаат уставните измени: Да ги соочиме граѓаните и да ги исправиме ВМРО-ДПМНЕ и Левица

од Nikola Popovski
252 прегледи

Екс-градоначалникот и поранешен пратеник, Петре Шилегов вели дека е порадикален во размислувањата во однос на неговата матична партија СДСМ и бара јавноста веднаш да биде соочена со евентуалното негласање на уставните измени во Собранието.

-Ако веќе ги немаме, утре да се гласаат. Напорот на СДСМ е искрен кон државата. Ајде да ги соочиме граѓаните и да ги исправиме ВМРО-ДПМНЕ и Левица и другите кои се појавуваат во таа групација. Не мора да се оди на избори, да видиме што понатаму е иднината. Многу е лесно – бесплатен јавен превоз во Скопје, еве ви го. Ајде да ги видиме другите политички пораки во нашата државата, кажа Шилегов во синоќешниот Дневник на Тв Сител.

Членот на Извршниот одбор на СДСМ додаде дека доколку би бил на место на раководството на неговата веднаш би ги ставил промените на Уставот на гласање.

-И тоа ќе ви биде како на 27 март 1941 година – подобро војна, отколку пакт и на 28-ми сите бегале од Белград и од Скопје и ги продавале куќите, потенцира Шилегов.

Според него, проевропските сили во земјава се уште доволно политички силни за да ја водат Македонија напред.

Слични содржини