Јаневски: 2023-та е најуспешна по бројот на туристи и бројот на ноќевања во С. Македонија

од Vladimir Zorba
267 прегледи

„Оваа година се фокусиравме на различни видови на промоција за разлика од претходната година. Се работи за претставување на малите семејни винарии и патот на виното. Во следните години ќе се осврнеме повеќе на патот на виното и регионите на кои на мала земјина површина успева да се одгледа многу винска лоза, “истакна директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски за ona.telegraf.rs, на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.

Тој посочи дека ако руралниот туризам и ено гастро – концептот е силна страна, не само на Северна Македонија туку и на Отворен Балкан, зошто да не бидеме и први во Европа.

„Ќе работиме се повеќе на дигитализацијата, виртуелни тури, патот на виното и вински дегустации, со цел да ги задржиме туристите на одредените дестинации. Според статистиката 2023 година по бројот на туристи и бројот на ноќевања во Северна Македонија ќе биде најдуспешна со рекордни резултати,“ рече Јаневски.

Тој посочи дека по пандемијата многу работи се сменети, како дестинациите, така и барањата на туристите. Така што, тоа ќе даде насока и на што треба да се работи во иднина со цел негово подобрување.

Слични содржини