270
Денеска дошло до голема тепачка пред Судот во Охрид, информираат од МВР. Според полицијата, во 13.45 часот, во СВР Охрид приведени се три лица од струшкото село Велешта.
-Лицата претходно пред Основниот суд во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, иинформирал портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Засега нема информации кој е нападнат и дали во инцидентот има повредени. Според информациите, инцидентот се случил на судење на лица од Велешта.