236
Унгарскиот премиер Виктор Орбан во Цирих изјави дека Европа не успева да си постави цели, ниту да ги препознава средствата за нивно остварување, што значи, како што наведе, дека ја изгубила способноста да управува сама со себе.
Во говорот на прославата на 90-годишнината на швајцарскиот конзервативен неделник Weltwohe, Орбан истакна дека уделот на Европа во светското производство опаѓа и дека до 2030 година Германија ќе биде последната европска земја која ќе остане меѓу 10-те најголеми економски сили на десеттото место.
Орбан оцени дека ЕУ не успеа успешно да се справи со сопственото проширување, како и со регионалните конфликти во Украина и Западен Балкан, пренесе агенцијата МТИ.