На средба во декември во Собрание ќе се разјаснат деталите околу изборите, најави Ковачевски

од Nikola Popovski
260 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека во декември ќе има средба во Собранието со парламентарни партии на која ќе се дефинираат сите детали за одржување на изборите. Тој сстанува на ставот дека во мај има простор да се одржат редовни и претседателски и парламентарни, но посочи дека ќе зависи од консензусот меѓу политичките субјекти и договорите за Изборниот законик.

-Декември нуди можност да се одржи една средба во Собранието на којашто ќе можеме да ги дефинираме сите детали во однос на изборите. Како што се правело во минатото ќе се направи и сега, изјави денеска Ковачевски.

Во одговор на новинарско прашање додаде дека за многу кратко ќе имаме Изборен законик кој ќе ги вклучува забелешките на ОБСЕ/ ОДИХР, а кој ќе овозможи одржување на демократски избори.

Во однос на тоа дали ќе имаат заеднички листи со ДУИ, рече дека тоа е нешто што е одлука на политичките партии и е предмет на коалициски договори, така што во моментов, додаде, за такво нешто не можеме со сигурност да зборуваме.

Допрва треба да се утврдува дали владеачкото мнозинство ќе оди со заедничка листа по принципот СДСМ, ДУИ и Алијанса.

Од 29 јануари, онака како што е договорено меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и екс-премиерот Зоран Заев, треба да се избере премиер Албанец во последните 100 дена, како раководител на техничката влада.

Слични содржини