Мираковска до Џамбаски: Луѓето како вас не може да бидат мостови меѓу две нации, со вас никогаш нема да градиме добри односи

од Nikola Popovski
353 прегледи

„Луѓето како вас не можат да бидат мостови меѓу двете нации. Не можат да бидат мостови. Вие ги рушите мостовите. Затоа јас се надевам, ви посакувам се најдобро во животот, но се надевам дека вашиот глас нема силно да се слуша и дека ќе дојдат луѓе кои знаат како се градат односи и со нив ќе продолжиме понатаму да градиме пријателства“, му рече пратеничката Соња Мираковска на бугарскиот европратеник Александар Џамбаски на седницата на Мешовитиот комитет МК-ЕУ во Советот на Европа во Стразбур.

Таа додаде дека не може да се запре говорот на омраза на социјалните мрежи, бидејќи е предизвикан од однесувањето на Џамбаски.

„За пријателство се потребни две страни. Ако кон некого покажете прст, три прста покажувате кон себе. Во Бугарија работев 10 години, имам многу пријатели, кои за разлика од вас разбираат како се чувствувам – како Македонка, која зборува македонски јазик. Така ме почитуваат, така соработувавме и имавме заеднички фирми и работиме и ден денес“, рече Мираковска.

Таа додаде дека Џамбаски е мантрата која предизвикува омраза и посака некогаш да може да се слушне за да види каков провокатор е.

Слични содржини