Денес посебен сообраќаен режим во Скопје поради два најавени протести

од Nikola Popovski
210 прегледи

Поради голем протест денеска пред Собранието на вработените во судската и обвинителската администрација, Фондот за здравство и Народниот правобранител, се очекува да има посебен сообраќен режим во центарот на Скопје.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во периодот од 11.00 до 14.30 часот Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на град Скопје поради одржување на два најавени протести.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат протестите.

Револтот кај административците се појави откако за 78 проценти се зголемија платите на функционерите, по одлуката на Уставниот суд.

Слични содржини