Пакистанската полиција го истражува убиството на 18-годишна девојка откако селските старешини, познати како џирга, наводно ја осудиле на смрт поради слика на социјалните мрежи на која таа се појавила со уште една девојка, пренесува „Ројтерс“, цитирајќи полициско соопштение.
Полицијата соопштила дека девојката е една од многуте жртви на таканаречените „убиства од чест“, а меѓу осомничените се и машки членови на семејството на убиената девојка.
„Некои луѓе објавија слики од двете девојки. Едната беше застрелана од старешините, додека другата беше спасена од полицијата“, рече Масуд Кан, заменик-началник на полицијата во областа Колај-Палас, во близина на авганистанската граница, додавајќи дека спасените девојка била вратена на семејството.
Групите за човекови права тврдат дека илјадници пакистанки секоја година се изложени на „убиства од чест“ од страна на роднините, тврдејќи дека ја штитат честа на семејството, злосторство најчесто во конзервативните, рурални делови на земјата.
Мотивот за овие убиства најчесто се наводно бегство, дружење или блискост со мажи со кои жртвите не се во брак или други верски и културни прекршувања поврзани со женската скромност, и покрај застапувањето на организациите за човекови права за построго спроведување на законот.