Почина актерка од серијата „Сексот и градот“

од Stefanija Kuzmanovska
342 прегледи

Актерката Френсис Стернхаген почина на 93-годишна возраст.

Таа починала од природна смрт, опкружена со семејството, објавија членовите на семејството, пренесува Deadline.

Нејзините најблиски ја споделија тажната вест и се простија од актерката.

Стернхаген беше најпозната по улогата на свекрва на Шарлот Јорк, Бани Мекдугал, во серијата „Сексот и градот“ од 2000 до 2002 година.

Слични содржини