Петров: Повалкан град нема од Скопје нема, за тоа не треба ЕУ

од Vladimir Zorba
292 прегледи

Колку побрзо ќе почнеме да ја работиме нашата домашна задача, толку тоа е подобро за државата. Ние имавме еден период од 11 години во времето на ВМРО-ДПМНЕ каде што се велеше од поранешниот премиер дека не е битно дали ние ќе пристапуваме кон ЕУ, битно е да ја донесеме Европа дома. Тоа е процес кој не може да се супституира,и најдовбра гаранција е да се налаи криминалот,да имаме демократси институции. Европската унија е семејство кое се заснова на демократски вредности, “ рече Андреј Петров, член на ИО на СДСМ во емисијата Клик Плус на ТВ21.

Тој посочи дека од ЕУ не зависи дали ги чистиме улиците. Тој се осврна на Скопје и како тоа изгледа.

„Повалкан град нема од Скопје нема, за тоа не треба ЕУ, туку секој кој се нафатил на функцијата да си ја извршува како треба. На самиот самит во Блед, беше посчено дека има два процеси кои течат заедно, процесот на внатрешно преструктуирањена ЕУ и процесот на проширување и беше категорично кажано дека имаат зацртано и година тоа е 2030 да влезат одредени земји членки. Не може да се стане земја членка без реформи“, рече Петроов.

Слични содржини