Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски оствари бројни средби на 28. Самит за климатски промени, или COP28.
„Кратки средби во рамки на #COP28 со британскиот крал Чарлс Трети, со кралот на Јордан Абдула Втори, со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар и претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, со претседателката на Унгарија Каталин Новак, со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, со претседателот на Кипар Никос Христодулидис, со претседателот на Бразил Луис Инасио Лула да Силва, со премиерот на Кралството Шпанија Педро Санчез Перез-Кастехон, со премиерот на Холандија Марк Руте, со премиерката на Исланд Катрин Јакобсдотир, со премиерот на Индија Нарендра Моди, со премиерот на Република Албанија, Еди Рама, со британскиот министер за надворешни работи и поранешен премиер Дејвид Камерон, со поранешниот британски премиер, Тони Блер и со претседателот на ФИФА Џани Инфатино“, сподели претседателот.
Во синоќешното обраќање, Пендаровски истакна дека Северна Македонија е мала земја со големи климатски амбиции.
„Наша цел е да ги намалиме за 82% нето емисиите на стакленички гасови до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година. И покрај енергетската криза, решени сме да ја постигнеме оваа цел до крајот на деценијата“, порача тој.