Денес во ООУ ,,Јохан Хајнрих – Песталоци” ќе биде отворена книга на жалост

од Nikola Popovski
303 прегледи

Општина Центар информира дека денес од 09:00 часот, на службениот влез на училиштето ,,Јохан Хајнрих – Песталоци” ќе биде отворена книга на жалост. Оттаму ги повикуваат блиските и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит да дојдат да се потпишат.

Во моментот менаџментот на училиштето во соработка со повеќе психолози се подготвува за утрешниот ден со цел обезбедување поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат овој трагичен настан.

-Градоначалникот Герасимовски и сите вработени во Општина Центар изразуваат најдлабоко сочувство до семејството и блиските на Вања. Извршителите на овој грозоморен чин мора да одговараат во најкус рок, ги повикуваме институциите да го расветлат целосно случајот. Апелираме и до граѓаните да останат обединетив во овие тешки моменти и да не подгреваат шпекулации. Нека и е светол патот на Вања, ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори, истакнаа од општина Центар преку соопштение.

Слични содржини