Неверување и тага во училиштето каде што учеше Вања, отворена книга на жалост

од Nikola Popovski

Другари и соученици, членови на семејството, политичари, но и обични граѓани се збогуваа со Вања чиј живот прерано. Неверување и тага. Се чекаше ред за да се потпишат во книгата на жалост пред училиштето „Јохан Хајнрик Песталоци“ во Центар, каде што учеше девојчето.

Од училиштето преку објава на социјална мрежа се простија од својата ученичка чие безживотно тело беше пронајдено во атарот на село Бразда.

Соучениците на Вања денеска само се појавиле на првиот час, по што децата биле ослободени од наставата.

Околу училиштето има засилено полициско обезбедување.

Слични содржини