Аларм во голем борј училишта во Велс: Дојава за „сериозен напад“, учениците заклучени

од Stefanija Kuzmanovska
273 прегледи

Голем број училишта во Велс се итно затворени откако полицијата примила дојава за „сериозен напад“.

Според првичните информации, во Аберфан дошло до напад, по што едно лице било итно пренесено во болница. Неофицијално се работи за прободување.

Засега не се знае што точно се случило, само соопштено е дека неколку образовни институции на оваа територија се затворени и дека учениците се заклучени заради нивна безбедност.

Полицијата во Јужен Велс издаде соопштение во кое се вели: „Итните служби реагираат на сериозен напад што се случи во Аберфан непосредно пред 9.10 часот утринава. Вооружени полицајци се во областа и ги молиме луѓето да ја избегнуваат областа за да можеме ефикасно да се справиме со овој инцидент“, се наведува.

На улиците има многу припадници на полицијата и итната помош, а хеликоптери ја надлетуваат областа.

Слични содржини