📽 Ким Jонг-ун се расплака на собир со жени: „Раѓајте повеќе деца, за доброто на земјата“

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Ким Јонг-ун, диктаторот на Северна Кореја, неодамна ги повика жените на многу емотивен собир да се борат против падот на наталитетот во земјата. Имено, на видеото кое молскавично се прошири на социјалните мрежи се гледа како Ким Јонг-ун гледа надолу и си ги брише солзите од лицето.

„Спречувањето на падот на наталитетот и добрата грижа за децата се сите наши домашни обврски што мораме да ги извршуваме додека работиме со мајките“, го цитираше новинската агенција „Ројтерс“.

Диктаторот неодамна одржа „Национален собир на мајките“ во Пјонгјанг. На средбата тој ги повика жените да раѓаат повеќе деца „за доброто на партијата, револуцијата и целата земја“.

Тој им се заблагодари на мајките за нивната улога во зајакнувањето на националната моќ.

„Секогаш мислам на мајките кога ми е тешко да се носам со партиска и државна работа“, рече тој.

Слични содржини