📷🎥МВР се снабди со нови комбиња „Рено Мастер“ адаптирани за пренос на осудени лица

од Nikola Popovski
1,2K прегледи

Министерството за внатрешни работи реши да го обнови возниот парк, односно набави нови интервентни комбиња, популарно познати како марици“. Комбињата веќе се пристигнати пред дирекцијата на полицијата.

Официјалните податоци достапни на веб страницата на Бирото за јавни набавки, објавени пред неколку месеци, покажаа дека МВР ќе купи 20 комбиња од марката „Рено Мастер“ кои ќе ги користи за присилно приведување на проблематични осудени лица или хулигани кои го кршат јавниот ред и мир и пружаат отпор.

Секоја од „мариците“ чини 35.500 евра без ДДВ. За сите 20 комбиња за приведување МВР ќе плати над 815.000 евра.

На овој тендер се јавиле три компании понудувачи, а планираната вредност на набавката била 1,24 милиони евра со вклучен ДДВ. Вредноста на набавката е за 44 отсто пониска од планирната вредност на набавката. Покрај „Аутомотив Груп“ на тендерот се јавиле и „Мој дилер“ и „Еуроимпекс“ ДОО.

Фото/Видео: Локално

Слични содржини