Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел го поддржа генералниот секретар на ОН во неговата одлука да се повика на членот 99 од Повелбата на ОН.
Во објавата на платформата X, Борел побара од членките на ЕУ во Советот за безбедност на ОН и од партнерите истомисленици да го поддржат генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и неговата ургенција.
„Советот за безбедност на ОН мора веднаш да дејствува за да спречи целосен колапс на хуманитарната ситуација во Газа“, наведе Борел.
I ask the EU members of the UN Security Council and like-minded partners to support @UN Secretary General @AntonioGuterres’s call.
The #UNSC must act immediately to prevent a full collapse of the humanitarian situation in Gaza.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) December 7, 2023
Исто така, го повикувам Израел да им дозволи на сите агенции на ОН, вклучително и постојаната и хуманитарна координаторка на ОН, Лин Хестингс, да обезбедат итна поддршка на цивилите во Газа.
Инаку, членот 99 од Повелбата на ОН вели дека генералниот секретар на ОН „може да го привлече вниманието на Советот за безбедност на секој проблем што, според него, може да го загрози одржувањето на меѓународниот мир и безбедност“.