Кузеска: Мицкоски е опкружен со радикали, дилери и лица фатени со кокаин

од Nikola Popovski
181 прегледи

Што бара Христијан Мицкоски на иста маса со лица од подземјето? Радикали, дилери, лица фатени со кокаин, со такви луѓе е опкружен, обвини денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, покажувајќи две фотографии од лидерот на опозицијата, на кои, според тврдењата на владеачката партија и полицискиот билтен на МВР, има две лица уапсени за поседување и трговија со дрога.

Кузеска соопшти дека Мицкоски седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога. Исто така и истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски беше фатен со кокаин.

-Радикали и извршители на грозни злосторства како Палевски, ете тоа се луѓето кои се блиски до ДПМНЕ и Мицкоки. А Мицкоски се среќавал со Палевски. И молчи со денови за тоа што разговарале, истакна портпаролката на СДСМ.

Слични содржини