Припадниците на одредени хороскопски знаци го обожаваат божиќниот дух, а некои се имуни на него.
Во продолжение прочитајте кои знаци се вистински „Гринчови“:
Бик
Биковите воопшто не се маѓепсани и импресионирани во врска со која било пригода, па малку им пречи празничното лудило кое секоја година започнува се порано и порано. Тие не се големи љубители на повремени собири и сакаат разновидност на нивната плејлиста наместо цела палета на божиќни песни. Тие се имуни на божиќниот дух до самиот празник и дури тогаш ќе му се предадат, а ден потоа повторно ќе се претворат во Гринч.
Близнаци
Подготовката за празнични собири може да биде доста стресна и бара многу работа и труд, а Близнаците навистина не можат целото слободно време да го потрошат на тоа. Затоа божиќниот дух често ги заобиколува. Доколку не им наметнете премногу обврски и ги спасите од празничните гужви, тие нема да се жалат и ќе се препуштат на атмосферата.
Вага
Вагите обожаваат семејни и пријателски празнични собири со пријателите, но понекогаш им е тешко да се фокусираат на сите придружни обврски, па нивниот божиќен дух некаде се губи во обидот да се организираат и да се подготват за овие собири. Речиси никогаш не се целосно задоволни од тоа што го подготвиле и на крајот самите си ја одземаат можноста да уживаат.