232
Најмалку 45 лица се повредени рано утринава во руски ракетен напад врз Киев, а оштетени се и некои згради, детска болница и водовод, соопштија украинските власти.
Тие изјавија дека се хоспитализирани 18 лица, меѓу кои и две деца.
Украинската противвоздушна одбрана ги собори сите ракети кои беа истрелани кон Киев рано утринава, но остатоците од проектилите предизвикаа повреди и оштетувања на зградите, напиша шефот на воената управа на Киев, Серхи Попко.