Интегрални лепчиња за бургери

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Состојки:

– 3 лажици спелтино брашно

– 2 лажици ржано брашно

– 1/3 лажичка сода бикарбона

– 1/3 лажичка прашок за пециво

– сок од 1/2 лимон

– 1 лажица маслиново масло (можете да користите уште една)

– околу 100 мл минерална вода

– прстофат ким

– прстофат сол

– сусам за посипување

Подготовка:

Најпрво вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.

За тоа време измешајте ги сите суви состојки освен водата и сусамот, па полека додајте ја водата. На почетокот масата ќе изгледа премногу тенка и леплива, но ќе се згусне.

На плех ставете хартија за печење и формирајте две лепчиња и посипете ги со сусам.

Се печат додека не се надујат, поруменат и станат крцкави.

Слични содржини