„Дрво завиткано во фолија“, „Мојата елка дома е трипати подобра“: Скопјани со реакција за новогодишната елка на плоштад

од Nikola Popovski
650 прегледи

Јавноста со неверување гледа на поставената новогодишна елка на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. Се упатуваат низа критики кон градската администрација и градоначалничката Данела Арсовска. За неа некои од граѓаните велат дека не е докитена, други дека „тоа е реалноста на градот“.

-„Каков градоначалник, таква елка… и таква новогодишна магија“, „Срам ми е да кажам од кај сум…“, „Дрво завиткано во зелена фолија“, „Мојата елка дома е трипати подобра“, се само дел од коментарите на граѓаните.

Се огласи и поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

-Еве, нема да сум арогантен. Една слика илјада (милијарда) зборови…., напиша Шилегов на социјалните мрежи.

Арсовска на 12-ти декември објави на својот Фејсбук профил дека на 15-ти декември градот ќе биде украсен за 30.000 евра. Од нејзина страна се уште не е објавено кој го украсува Скопје и како се набавени светилките и елката.

Слични содржини