Основната перцепција ја градат самите судии. Колку побрзо ги носат пресудите, колку поквалитетни и попрофесионални одлуки носат, граѓаните ќе го видат тоа и довербата би била многу повисока, изјави синоќа претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска за состојбите во правосудниот систем.
Сепак, како што вели Кацарска, имаме ситуација кога одредени политичари имаат несмасни и неосновани критики.
-Сето тоа собрано доведува за оваа ниска доверба во судството. Јас 34 години бев судијка во Кривичниот суд и не паметам некогаш да била пониска довербата отколку сега. Судиите мораат максимално да се ангажираат и да се посветат на работат, рече судијката во емисијата „24 анализа“.
Додаде дека е задоволна од фунцирањето на Уставниот суд иако не биле комплетни со судии.