Наместо ред, МВР продуцира неред. Повеќе од еден месец, МВР не е во состојба да издаде лични документи за македонските граѓани, а тие да се чувствуваат достоинствено, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Спасовски за пунктот за промена на лични документи кај полициската станица „Пролет“.
Според него, луѓето надвор на минусни температури и на загаден воздух чекаат и се туркаат пред импровизиран пункт и пред пунктот за издавање на лични документи, додека, како што вели, МВР со Спасовски на 215 светски криминалци им организираше издавање пасоши.
-Цел месец сега МВР нема систем, нема ред, има импровизација за лични документи, и наместо е прашањето дали се внимава кој се можеби ќе добие македонски пасош?, прашува Стоилковски.
Причина за отворање на овој нов пункт беше многубројноста на населението во Скопје, како и фактот дека околу 70 % од закажаните термини што ги имаат граѓаните резервирано преку телефонскиот број – ги откажуваат, не се појавуваат на тие термини и се презакажуваат нови термини, што создаде одлагање на целиот процес.