190
На 23.12.2023 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Т.(60) од Битола.
Имено, на 23.12.2023 во времето од 00.20 до 01.05 часот врз основа на наредба од Основен суд Битола бил извршен претрес во дом и помошна просторија во Битола, сопственост на З.Т.(60) од Битола, при што се пронајдени 4080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди.
Претходно, на 22.12.2023 во 20.30 часот на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, при преглед на патничкото возило „поло” со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т. , беа пронајдени 2713 парчиња различни пиротехнички средства. По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.