214
Рано утринава почувствуван земјотрес во Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека телеметриската сеизмолошка мрежа денес во 03 часот и 26 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар се наоѓа во Република Косово, на 20 километри северо-западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 2.3 степени.
Земјотресот е почувствуван од населението во околината на градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Утрово околу 6 часот и 30 минути, земјотрес беше регистриран и во соседна Србија, поточно во околината на Крушевац.