ВМРО-ДПМНЕ: Припадник на „Тигрите“ започнал тепачка во кафеана во Белимбегово

од Nikola Popovski
215 прегледи

Наместо Спасовски, сите расположливи сили, да ги насочи, во потрага на избеганиот син на командант Баци од УЧК, Наим Самиу, полицајци лабаво си седат по кафани и прават инциденти, во кои се вадат и пиштоли, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.

Според партијата, припадници на полициските специјалци – Тигри, во кафеана во скопско Белимбегово, ваделе оружје, додавајќи според медиуми, кон бремени жени, започнале тепачка со сопругот на бремената, а во инцидентот има и последици. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека сето ова е пријавено и има записник во полициска станица.

„На 23.12.2023 година од страна на анонимен граѓанин пријавено е дека во угостителски објект во населба Белимбегово, полициски службеник од САЕ Тигар, вперил пиштол кон бремена жена и кон нејзината кумашинка, по што дошло до нарушен ЈРМ, и има и повредени лица, а дополнително на пријавителот му се јавувале и од различни броеви да го прашаат зошто пријавувал за настанот. Пријавителот со сопругата се упатени во ПС Гази Баба да го пријават настанот со лекарска документација и снимки“, се вели во полициската информација до која дојдоа медиумите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.