Русија не се мешала и нема да се меша во ничии внатрешни работи, особено не во внатрешните работи на партнерот Србија, изјави денеска Дмитриј Песков, портпаролот на претседателот на Русија Владимир Путин.
Според неговите зборови, раководството на Србија е способно да ги преземе сите мерки за да обезбеди безбедност во земјата и се што се случува е само внатрешна работа на Србија, пренесе РИА Новости.
„Се што се случува е исклучиво внатрешна работа на Србија. Србија има легално, легитимно раководство, кое, според нашето верување, е способно да ги преземе сите неопходни мерки“, рече Песков.
Според неговите зборови, „Русија никогаш не се мешала и нема да се меша во ничии внатрешни работи, особено не во внатрешните работи на нејзиниот сојузник и партнер Србија“.
„Ние сме обединети од нашето заедничко историско и културно наследство, многу внимателно ги третираме нашите односи и многу ги цениме“, рече Песков за новинарите.