Во Тетово БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ се лонче и капаче, велат од СДСМ

од Nikola Popovski
228 прегледи

Наместо брзо решавање на клучните прашања и предизвиците во Тетово, коалицијата на локално ниво предводена од БЕСА и ДПМНЕ, главен интерес не се граѓаните туку партиските интереси. Доказ за тесната соработка и меѓусебна согласност на сите одлуки во Тетово меѓу градоначалникот Касами со ВМРО ДПМНЕ од Тетово се речиси половина од директорските и раководните позиции во Општина Тетово кои што ги извршуваат кадрите на ВМРО – ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ.

Според владеачката партија, нивната цел е поттикнување на национализам и верски поделби меѓу граѓаните.

-Најважното место во Општината после Градоначалникот е Секретарот, оваа позиција ја извршува Дарко Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од списокот на директорски места и позиции кои што ги имаат ВМРО-ДПМНЕ со кои директно и блиску соработува со БЕСА на локално ниво се, Директор на ЈП Градски Паркинг – ВМРО-ДПМНЕ, директор на ЈП Капела и православни гробишта – ВМРО-ДПМНЕ, директор на ООУ Андреа Савески – Кикиш – ВМРО-ДПМНЕ, Заменик директор во СОУ 8 Септември – ВМРО – ДПМНЕ, заменик директор на ООУ Братство Миѓени – ВМРО-ДПМНЕ, заменик директор во ООУ Лирија – ВМРО ДПМНЕ, порачуваат од партијата на власт.

-Ова потврдува уште еднаш дека секоја одлука на Касами е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Во Тетово Беса и ДПМНЕ се лонче и капаче, завршуваат од СДСМ.