Во Израел има оружје во вредност од милијарди долари кое ѝ припаѓа на американската влада, објави денеска британски „Гардијан“.
Точната локација на многуте добро чувани магацини, долго време обвиткани во тајност и за кои малку се знае, го привлече вниманието додека се зголемува притисокот врз администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден поради нејзината поддршка за израелското бомбардирање на Газа.
Залихите датираат од 1980-тите и се наменети за брзо вооружување на американските сили во секој иден конфликт на Блискиот Исток.
Израел сега се чини дека добива оружје од тие резерви во значителни количини за да го користи во Газа против Хамас, но нема транспарентност за трансферот од арсеналот, забележуваат новинарите на „Гардијан“.
Во интервјуа за весникот, неколку поранешни американски функционери, кои се запознаени со американската безбедносна помош за Израел, рекоа дека овозможен е брз трансфер на залихите до израелските одбранбени сили (ИДФ).
Дополнително, движењето на американското оружје е прикриено од јавноста и од контролата на американскиот Конгрес, велат истите извори.