Путин: Длабок поклон пред наставниците на нашите војници

од Stefanija Kuzmanovska
159 прегледи

Длабок поклон пред наставниците на нашите војници кои денеска се борат на линијата на фронтот, бидејќи помогнаа да се подигне цела генерација млади, одговорни луѓе, порача денеска претседателот на Русија, Владимир Путин на состанокот на Државниот совет.

Денеска работиме на подобрување на образовниот систем на земјата, што е многу важно за зајакнување на нашиот суверенитет, бидејќи основата на нашиот развој е образованието, кое ќе обезбеди формирање на стручен кадар и ќе помогне за развојот на економијата, рече Путин.

„Денес се враќаме на (нашите минати) традиции. Го земаме најдоброто со кое се гордееа и советскиот образовен систем и оној што постоеше пред револуцијата (во 1917 година). Ќе ја обновиме образовната компонента во училиштата, универзитетите, техничките училишта и факултетите. Ова е исто толку важно за нашиот суверенитет како и подобрувањето на квалитетот на наставата и воведувањето напредни технологии во образовниот процес“, подвлече тој.

Претседателот на Русија додаде дека е неопходно да се работи на условите за работа на наставниците. Тој потсети дека во 2012 година била донесена одлука за зголемување на платите на просветните работници, а оваа мерка, како што оцени, имала одреден ефект за подобрување на нивниот статус во државата. Тој откри и дека планот е да се зголемат платите на просветните работници во оние региони каде што нивните плати се пониски од просечните плати на наставниците во другите места.

„Треба да внимаваме како се остваруваат задачите што ги поставивме, но и да работиме на вклучување на се поголем број млади експерти во образовниот процес“, наведе Путин.

„Народот на Русија има голем потенцијал“ и ние мора да работиме за да се осигураме дека тие можат да го реализираат тој потенцијал, заклучи тој.

Најавено е и формирање на нова државна награда „Наставник на годината“, пренесува РТ Балкан.

Слични содржини