Русија го ракетираше Харков по украинскиот напад на Белгород

од Vladimir Zorba
272 прегледи

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија нападнала административни центри и воени објекти во украинскиот град Харков како одмазда за украинското бомбардирање на рускиот град Белгород.

Бројот на загинати во украинскиот ракетен напад врз Белгород се искачи на 24, соопшти гувернерот на регионот.

Во објава на Телеграм, Вјачеслав Гладков рече дека има и 108 ранети по нападот во саботата, кој, како што рече, оштетил 37 станбени згради, пренесе Ројтерс.

Десетици повредени во нападот на Харков

Во руски ракетен напад врз источниот украински град Харков повредени се најмалку 26 лица, соопшти локалната судска медицина, по нападот на Киев врз рускиот град Белгород и најголемиот руски воздушен напад врз Украина од почетокот на војната.

Градоначалникот на Харков, Ихор Тереков, на апликацијата Телеграм напиша дека, меѓу другите, е погодена и станбена зграда во центарот. Меѓу повредените има двајца малолетници и еден британски новинар, пренесe Хина.

„За секој дрон Шахед, за секој руски проектил, терористичката држава ќе биде праведно одговорна“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање. „И политички и многу практично“.

Најмоќниот руски напад врз Украина

Во меѓувреме, украинските воздухопловни сили објавија дека Русија повторно нападнала со беспилотни летала и дека воздушната одбрана е активна во голем број региони, вклучувајќи го и Киев.

Во петокот Русија најмоќно ја нападна Украина досега, со 160 проектили и беспилотни летала. Најмалку 39 лица загинаа, а 120 се повредени.

Украина тогаш одговори со напади на Белгород, а локалниот гувернер тврди дека загинале 21 лице, а неколку десетици се повредени.

Белгород – цел на гранатирање

Како и другите руски погранични зони, Белгород беше цел на гранатирање и напади со беспилотни летала во текот на целата година, за што властите ја обвинија Украина.

Двете страни негираат дека целеле цивили во војната што Русија ја започна против својот сосед во февруари 2022 година.

Според Обединетите нации, повеќе од 10.000 цивили биле убиени во Украина и речиси 60 луѓе во Русија.

Слични содржини