📷БЕРЛИН СИНОЌА ГОРЕШЕ, тотален хаос во Германија: Нападната полицијата, уапсени над 300 луѓе, десетици повредени

од Vladimir Zorba
429 прегледи

Минатогодишното сценарио се повтори и во Берлин, кога избувнаа немири во кои бунтовниците користеа петарди и ракети за огномет. Берлинската полиција извести за серија напади врз припадници на итната помош, како и врз обични граѓани. Најмалку 15 полицајци се повредени во напади со огномет низ градот, а околу 300 лица се уапсени, многумина поради прекршување на Законот за експлозиви, пишува „Билд“.

Иако полицијата го идентификуваше Нојколн, еден од 12-те берлински квартови, како најголемо жариште пред настанот, работите испаднаа поинаку. Областа пред Црвеното градско собрание кај плоштадот Александар стана место на конфликт. Околу 500 луѓе, главно млади луѓе, меѓусебно се нападнале со петарди и ракети, кои ги испукале директно во толпата.

Нападнати биле и полицајци, а евидентирани се и неколку апсења. Полицијата ја растерала групата кај Нептуновата фонтана и почнала да проверува кај кого има огномет, по што група од 200 луѓе почнале да пукаат врз полицајците со пиротехнички средства.

Се зборува дека пукале во се што мрдало“, напишала полицијата на Х. Полициските службеници на лице место успеале да легитимираат 18 лица и кај нив пронашле нелегални пиротехнички средства.

Во улицата Соненале биле запалени барикади од дрвени палети, но полицијата набрзо ги отстранила. Полицијата ги растера противниците на Израел кои спонтано се собраа да извикуваат антиизраелски пароли.

Околу два часот по полноќ било удрено возило на Брза помош од пиротехничко средство, но, за среќа, се поминало без поголеми последици. Исто така, полицијата пронашла скривалиште исполнето со готови молотови коктели за употреба.

Под полициска заштита, пожарникари од Берлин изгаснаа пожар во дом за стари лица. Наводно, пиротехничка ракета влетала низ прозорецот. Спасувачите ги изнесоа жителите завиткани во ќебиња од зградата и ги санираа повредените, кои се задушиле од чадот.

Итна помош имала полни раце работа. Десет лица со сериозни повреди предизвикани од пиротехнички средства се примени во болница во Берлин. Регионалната министерка за внатрешни работи Ајрис Спренгер изјави дека „99,9 отсто од луѓето“ славеле мирно.

На централниот плоштад во Франкфурт на Мајна ситуацијата беше на работ на ескалација. Таму се собраа стотици млади луѓе кои постојано фрлаа петарди кон другите славеници и полицијата. Безбедносните сили набрзо ги растерале, при што биле уапсени 20 лица.

Фото: Билд

Слични содржини