Триесет илјади луѓе од сите делови на Црна Гора, но и од регионот се собраа на преполниот главен градски плоштад во Котор, Плоштадот на оружјето и сите околни улици за да присуствуваат на музичкиот спектакл и да влезат во Новата година со регионалната ѕвезда – Северина.
Со својот спореден оркестар од десет музичари, Северина половина час пред полноќ се качи на сцената, во креација по нарачка на брендот Morfium, зад која стои дизајнерката Јелена Малешевиќ, овојпат во соработка со стилистката на Северина – Катија Шимундиќ.
Со внимателно одбран репертоар, кој во текот на денот ѝ го откри на публиката на Инстаграм од одморалиштето во кое престојуваше, которчани и нивните гости уживаа повеќе од два часа, пренесе Стандард лајф.
„Среќен сум што ја дочекав Новата година со син ми и со убави луѓе пред мене, до мене, околу мене, зад мене (се смее)… Ми рекоа дека не застанале сите на Плоштад, туку дека ги има насекаде, до центарот на Котор… Убаво, неописливо убаво…“, изјави Северина по настапот.
На Северина и претстои само еден ден одмор, бидејќи утре ќе има уште еден настап во Црна Гора, во Будва, во хотелот Сплендид.