Во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија на Нова година загинаа најмалку 30 луѓе, а потрагата по преживеани под урнатините продолжува.
Најмалку 45.000 домови се без струја.
Повеќе од 35 последователни потреси со јачина од над 2,5 степени според Рихтеровата скала го погодија епицентарот на земјотресот во Јапонија во изминатите 24 часа, соопшти Геолошкиот институт на САД (USGS).
Од последователните потреси, еден бил над 6,0, 12 биле со јачина од 5,0 или повеќе, а 22 биле над 4,0.
Тоа беше најсилниот земјотрес во регионот во повеќе од четири децении, соопшти Американскиот геолошки институт.