Устамитова: Од март минималната плата ќе биде 22.500 денари

од Nikola Popovski
236 прегледи

Од месец март следува ново покачување на минималната плата на 22.500 денари, најави на прес-конференција, Елена Устамитова, претседателка на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

Устамитова објави дека СДСМ за шест години ја зголеми платата четири пати.

„Во времето на ДПМНЕ минималната плата беше 9.000 денари а во некои сектори како кожарската и текстилната индустрија работниците земаа и помала плата. СДСМ ја исправи неправдата, работникот да добие достоинствена плата за работата што ја извршува. За само неколку години СДСМ ја зголеми минималната плата за повеќе од двојно, за над 100% во споредба со времето на ДПМНЕ. Тоа е повеќе за сите. СДСМ го почитува и го вреднува трудот на работниците. Затоа донесовме системско решение со кое обезбедивме континуирано зголемување на минималната плата но и на останатите плати“, рече таа.

Како што заклучи СДСМ успеал просечната плата да ја покачи на 39.000 денари, нешто што било незамисливо со ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 22 илјади денари..