Пет лица загинаа, повеќе од 100 се ранети во руските напади на Киев и Харков

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Најмалку пет лица загинаа денеска, а повеќе од 100 се повредени во руските напади врз Киев и Харков, соопштија украинските власти.

Украинското МВР соопшти дека во рускиот напад загинале пет цивили, а 127 од нив се повредени. Министерството наведува дека украинската воздушна одбрана соборила руски ракети „Кинжал“, кои можат да летаат со брзина 10 пати поголема од брзината на звукот.

Шефот на регионот Харков, Олег Сињегубов, првично изјави дека во нападот на Харков е убиена една жена, а потоа објави дека не е убиена, туку дека е во кома, пренесе АП.

Сињегубов рече дека во рускиот напад на Харков се ранети 52 лица. ПВО ги собори сите 10 хиперсонични ракети, од околу 100 различни ракети лансирани од Русија, тврди шефот на украинската армија, генерал Валериј Залужњи.

Тоа беше најголемиот број ракети „кинжал“ што Русија ги употреби во еден напад од почетокот на војната, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Игнат.

Слични содржини