320
Портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Марк Регев денеска изјави дека „кој и да го извршил нападот“ на Бејрут не го нападнал Либан, туку палестинската милитантна група Хамас.
„Кој и да го направи ова, тоа не е напад врз либанската држава. Тоа не е напад врз терористичката организација Хезболах. Тоа е напад врз Хамас, тоа е многу јасно“, изјави Регев за американската телевизија МСНБЦ.
Тој додаде дека е очигледно оти нападот бил насочен само кон претставници на Хамас.
„Има многу цели на Хезболах во Либан, но кој и да го изврши овој напад беше хируршки прецизен и го гаѓаше Хамас“, рече Хегев.